Мото-Пром“  ДООЕЛ е семејна компанија основана во 1990 година , и е една од првите приватни компании кои се занимаваат со продажба на авто делови и сервис во Република Македонија.

Со развојот на компанијата и зголемениот обем на работа, во 1997 година се проширивме со уште еден продажен салон за авто делови во центарот на Гевгелија.

По повод 15 години од постоењето на „Мото-Пром“ во 2005 година го имаме свеченото отварање на новиот ултра модерен продажно-сервисен центар, каде што се наоѓаме и денес.

Во 2007 година почнавме со увоз на гумите од мото програмата на Пирели и Метзелер.

Денес сме најголем мото центар за гуми во Рeпублика Македонија, со постојана залиха на најновите модели од гамата на Dunlop, Pirelli и Metzeler.

Голем дел од натпреварувачите на Шампионатот во мотоциклизам на Република Македонија ги користат гумите од гамата на Pirelli и Metzeler, меѓу кои и шампионскиот клуб за 2009 година, како и актуелниот шампион и вицешампион за 2009 година во класата до 1000 цм3 Супербајк. Со самите резултати постигнати на трките се докажува врвниот квалитет и перформанси на мото гумите Pirelli и Metzeler.

По повод 22 години од основањето на Мото-Пром, во 2012 година станавме официјални партнери на Форд за Гевгелија и околните општини.

Во 2014 год. ја добивме франшизата за ВУЛКО, кој е меѓународен ланец на брзи сервиси за гуми во сопственост на Good Year.

Со огромното искуство стекнато од 1990 година и професионалниот тим вработени , денес со гордост можеме да се пофалиме со огромен број задоволни клиенти од повеќе земји во регионот.

Ние сме вистинскиот избор за вас !

 

Ве очекуваме!

За нас

„Мото-Пром“ ДООЕЛ е семејна компанија основана во 1990 година , и е една од првите приватни компании...

повеќе...