Мој сервис
"Мото-Пром“ ДООЕЛ е семејна компанија основана во 1990 година, и е една од првите приватни компании кои се занимаваат со продажба на авто делови и сервис во Република Македонија.
Со развојот на компанијата и зголемениот обем на работа, во 1997 година се проширивме со уште еден продажен салон за авто делови во центарот на Гевгелија.
По повод 15 години од постоењето на „Мото-Пром“ во 2005 година го имаме свеченото отварање на новиот ултра модерен продажно-сервисен центар, каде што се наоѓаме и денес.
Во 2007 година почнавме со увоз на гумите од мото програмата на Пирели и Метзелер.
По повод 22 години од основањето на Мото-Пром, во 2012 година станавме официјални партнери на Форд за Гевгелија и околните општини.
Во 2014 год. ја добивме франшизата за ВУЛКО, кој е меѓународен ланец на брзи сервиси за гуми во сопственост на Good Year.
Во 2019 година создадовме наш тркачки тим кој учествуваше на Источно-Европското првенство во брзински мотоциклизам и истовремено на Државното првенство во класата Формула 600, каде успеавме да ја освоиме Вице-Шампионската титула во Државниот Шампионат на Македонија, со подршка од Dunlop Motorsport.
По повод 30 години од основањето на нашата компанија, во 2020 година станавме овластен увозник и сервисер на моторциклите Кавасаки за Македонија.

Денес сме најголем мото центар за гуми во Рeпублика Македонија, со постојана залиха на најновите модели од гамата на Dunlop, Michelin.
Со огромното искуство стекнато од 1990 година и професионалниот тим вработени , денес со гордост можеме да се пофалиме со огромен број задоволни клиенти од повеќе земји во регионот.
Ние сме вистинскиот избор за вас !